Македонија 03. јули 2020. / 12:55

Сеад Кочан меѓу 18 затвореници во Идризово што се во изолација поради корона вирус

Сеад Кочан меѓу 18 затвореници во Идризово што се во изолација поради корона вирус

Во затворот во Идризово регистриран е првиот затвореник позитивен на корона вирусот. Покрај заразениот од вирусот, во изолација се уште осумнаесет затвореници од неговата и соседната ќелија кои имале контакт со него.

Меѓу тие што се во изолација е и Сеад Кочан кој е осуден на 4,8 години затвор по обвинението кое го застапуваше пропаднатото СЈО за предметот „Труст“.