Ден пред Кривичниот совет да одлучи дали ќе го прати бизнисменот Сеад Кочан во затвор на 17-ти јули, тој заврши хоспитализиран во една приватна болница како итен случај.
Независно од одлуката на Кривичниот совет која се смета за конечна, од судот велат дека влошена здравствена состојба е нова ситуација која му дава уште една можност за молба и одложување на казната од 4 години и 8 месеци ако има цврсти докази од лекарска документација.
Судот денеска е известен дека лицето С.К е хоспитализиран и доколку биде доставена дополнителна молба за одлагање врз основа на новонастанатата состојба , судија за извршување на санкции дополнително ќе одлучи во законски утврдениот рок. – велат од Кривичен суд.