Македонија 17. јули 2019. / 10:14

Сеад Кочан денеска оди во затвор?

Сеад Кочан денеска оди во затвор?

Бизнисменот Сеад Кочан кој беше осуден во предметот „Труст“, според упатниот акт, денеска треба да се јави на издржување на ефективната затворска казна од 4 години и 8 месеци, пишува Телма.

Бизнисменот Сеад Кочан, пред два дена, повторно се обиде да ја одложи затворската казна од 4 години и 8 месеци. Судот му го одбил првичната молба за одлагање поради недовршеани работи, но тој испрати ново барање поради здравствени причини. Ова следува откако во петокот завршил во приватна болница.

Ниту од одбраната ниту од судот нема информација за колку сериозни здравствени проблеми станува збор и дали осудениот бизнисмен е сеуште хоспитлаизиран или на домашно лекување.

Кај судија за извршување на санкции доставено е ново барање за одлагање на извршувањето на затворската казна за кое е потрбно да се извршат неопходни извиди по што судија ќе одлучува, а по донесеното решение странките и јавноста ќе бидат навремено известени, велат од Кривичен, соопштија во понеделникот од Кривичен.

Кочан требаше во среда да почне со издржување на казната но сега од судот толкуваат дека прво треба да се донесе одлука и по новото барање па доколку повторно не му дозволат одлагање ке треба да се јави во затвор. Малку е веројатно дека до среда ќе има правсилно решение од судот со што со новото барање Кочан успеа да купи уште неколку дена.