Пораката од вчерашниот протест на МАН пред Обвинитеството не допре до власта, која е решена по секоја цена да им ја затвори устата и да им го одземе перото на критички настроените медиуми. По полицискиот упад во Нетпрес, власта испрати порака „од горе“ и за Република.
Пратеникот Александар Кирацовски го тужи лично директорот на Прва Репулика за текст објавен на порталот Република, во кој е изнесен став (објава на Фејсбук) на битолчанецот Душко Илиевки – Млекарот.
Тужбата доставена на домашната адреса на директорот, ја објавуваме за увид.
-Кирацовски неколкупати добил покана да биде гостин во редакцијата на Република, многупати добил повик од наши новинари, но никогаш не одговорил. Редно е на суд да се сретнеме, па заедно да ја истераме вистината на виделина.
Институционализираната борба на власта со медиумите кои пишуваат за криминалите на функционерите, за сомнителните тендери, уцените, рекетот, беше јавно камуфлирана како битка со лажните вести.
Во таа битка власта ги пикира нивинарите Љупчо Златев и Дејан Николовски за случајот „Леонардо“, во кој е инволвиран генсекот Драги Рашковски, новинарот Александар Митовски, кој го објави записникот од сведочењето на Орце Камчев во случајот „Рекет“, и последно се насочува (како многупати досега) кон Република, односно лично кон директорот Доневски.