Во периодот кој претстои ги зајакнуваме сите здравствени капацитети во земјава, рече министерот за здравство Венко Филипче по денешните работни состаноци со директорите од Универзитетските клиники, Клиничките и општите болници ширум државата, како и со главните медицинските сестри од Клиниките во Скопје.
Тој информираше дека се прави целосна мобилизација на здравствените работници од јавното здравство, кои ќе бидат вклучени во лекувањето на пациентите со коронавирусот, а исто така ќе им бидат помош и на колегите во инфективните одделенија.
Воедно министерот нагласи дека подготвуваат дополнителни капацитети со цел подобро справување со овој непредвидлив вирус во зимскиот период, посочувајќи дека во очекување се да пристигнат и брзите тестови во помош при детекција на присуство на ковид вирусот при хоспитализација на пациентите.
– На состаноците беше договорено сите директори да направат дополнителна реорганизација на просторот во со цел обезбедување на дополнителни капациети во интерните одделенија и како и оптимизација на медицинскиот кадар од Клиниките во Скопје кој ќе биде активиран за дополнителна помош во Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби каде се третираат пациенти од ковид-19, информираа од Министерството за здравство.