Македонија 27. февруари 2021. / 19:57

Сè уште нема датум за вакцините од Кина, опозицијата прашува дали се откажани

Сè уште нема датум за вакцините од Кина, опозицијата прашува дали се откажани

Министерот за здравство Венко Филипче уверува дека во наредните денови ќе се знае кога точно овие вакцини ќе пристигнат во земјава. Информација нема ниту кога земјава ќе ги доби руските вакцини, иако договор е веќе потпишан.

Филипче е разочаран од слабиот одзив за имунизација во гостиварскиот регион. Иако вакцини се уште нема, тој ги повика матичните лекари, да ги пријават за вакцинација граѓаните над 70 години кои имаат хронични болести.

Поради доцнењето на вакцините, реагираше и опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Тие прашуваат дали се откажани дозите од Кина.

Филипче ја посети модуларната болница во Гостивар која од денеска е во функција. Таа е со капацитет од 35 кревети и се наоѓа во близина на инфективното одделение на општата болница. Со оглед на тоа дека 70 проценти од новодијагностицираните пациенти во земјава се заразени со британската мутација, министерот не ја исклучува можноста за воведување на нови рестриктивни мерки. Засега пораст на новозаразени и хоспитализирани лица има во Кавадарци, Прилеп и Охрид.