Македонија 15. ноември 2020. / 18:30

Се прошируваат капацитетите и во болницата во Гевгелија

Се прошируваат капацитетите и во болницата во Гевгелија

Интерното одделение во Гевгелија ќе стане простор за болничко сместување на ковид пациенти. Откако ќе се пополни капацитетот којшто досега го користат, болницата е подготвена дел од интерно да прими и пациенти со Ковид-19.

Во Гевгелија наскоро ќе почне и подготовката на теренот за поставување на модуларната болница. Таа треба да биде на располагање за месец и половина до два месеца.

Бројот на заболени во Гевгелија забрзано се зголемува. Во моментов има околу 450 активни случаи.