Македонија 23. јуни 2020. / 12:05

Се продолжува важењето на дозволите за странци истечени во вонредната состојба

Се продолжува важењето на дозволите за странци истечени во вонредната состојба

Согласно најновата уредба на Владата, во законот за странци се вели дека за време на вонредна состојба на странците им се продолжува важноста на истечените дозволи чиј рок на важење истекол по вонредната состојба.

Со Уредбата се овозможува тие да можат легално да влезат во земјава и да можат да ја го продолжат престојот за сите видови основи за престој за кои овие постапки се водат преку подрачните единици за странци на Министерството за внатрешни работи.

Со прецизирање на периодот во кој наведените документи можат да истечат, ќе се оневозможат евентуални злоупотреби од страна на лица на кои дозволите за престој им истекле пред воведување на вонредната состојба, се укажува во владината одлука.