Основниот суд Скопје I Скопје и Основниот суд Скопје II Скопје ќе се преименуваат во Основен кривичен суд Скопје и Основен граѓански суд Скопје, објави Академик.
Новите имиња на Основниот суд Скопје I Скопје и Основниот суд Скопје II Скопје се предвидени во предложените измени на Законот за судовите, кои ги објави Министерството за правда.
Потребата од измени на имињата на овие судови беше истакната на почетокот на оваа година, на Јавната расправа за реформите во законите за судството.
Ваквиот став судиите го изградиле со нивна меѓусебна координација, заклучувајќи дека измените на името на Судот се потребни од причина што Основниот суд Скопје 1 – Скопје е специјализиран за кривичната материја и работи и постапува по кривичноправни предмети.