Единствено на Александар Литовски не му бил продолжен договорот како што тоа било направено со останатите членови на историската комисија со Бугарија, дознава „Пресинг ТВ“ од извори на комисијата.
На сите членови договорите им истекле на 30 јуни и веднаш им биле продолжени на уште една година, но не и на Литовски.Тој се држел на „тенок мраз“. Тој немал договор се до ноември кога потпишал двомесечен договор кој истекол на 31декември 2020 година што потврдија и од Владата во изјава за „Фокус“.
Литовски е еден од најдобрите историчари во Македонија а негова посебна специјалност е периодот пред и по Втората светска војна. На негово место доаѓа Исамедин Азизи.
Литовски во повеќе наврати ја критикуваше бугарската политика кон Македонија, историските аспирации како и задирањето во идентитетот. За Каракачанов пак велеше дека секое негово доаѓање во Македонија е политичка провокација.
Станува повеќе од очигледно дека власта на елегантен начин се ослободува од членовите на историската комисија кои не сакаат да прават никакви отстапки кога се работи за национлните интереси.
Токму за смени во Комисијата пред еден месец предупреди потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николовски. Тој во гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија, кажа дека Зоран Заев правел притисоци врз одредени членови на историската комисија, односно врз оние коишто не сакале да играат по неговите правила, па поради тоа ги маргинализирал.
Исто така, се шират гласини дека Зоран Заев веќе ги компромитирал поголемиот дел од нив и им спрема заменски решенија, со што ќе се доведе во позиција да можат да преговарат во полза на барањата на Зоран Заев, односно да потпишуваат работи кои нивните претходници не сакаат да ги потпишат – изјави тогаш Николоски.
Како што изјави тогаш потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, доколку се случи промена на членовите на Комисијата, тоа ќе боде показател дека Заев се обидува да стави свои послушници кои ќе му овозможат рушење на македонскиот идентитет.
Тоа самото по себе доволно говори за ситуацијата во која се наоѓа Зоран Заев, како и оганот кој му гори под нозе. Доколку сето ова се оствари, јасно ќе биде дека Зоран Заев управува со членовите на историската комисија, односно наместо историчари, членовите на комисијата се негови соработници во распродажбата на националниот идентитет – заврши Николоски.