Министерството за информатичко општество подготвува Закон за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги. Со овој закон се уредува и се пропишува создавањето и обработката на електронските документи, електронската идентификација и доверливите услуги.
Целта на овој закон, велат од Министерството, е да се утврди правниот режим на електронските потписи, електронските печати, електронските временски жигови, електронските документи, услугите за електронска препорачана достава, услугите за проверка на автентичноста на веб-страници, како и начинот на чување на електронскиот потпис или печат и нивна валидација.