Македонија 19. јуни 2018. / 12:46

Се ожени Александар Николоски, избраничката Александра блесна на свадбата (ГАЛЕРИЈА)

Се ожени Александар Николоски, избраничката Александра блесна на свадбата (ГАЛЕРИЈА)

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски се ожени викендов со избраничката Александра Димитриеска во Охрид.

Николоски, на неговиот фејсбук профил објави фотографии од свадбата која во  саботата се одржала во хотелот Инекс Горица во Охрид од каде што потекнуваат и двајцата сопружници.

-Од овој викенд заедно чекориме со Александра… – напиша потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Избраничката на Александар, Александра Димитриеска е магистер по еконономски науки што на универзитетот во Љубљана.

На фотографиите од свадбата и фотосесијата, Александра Димитриеска навистина блеска!

Александар пак пред сегашната позиција во партијата каде е долгогодишен член, исто така е пратеник во повеќе мандати, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ од 2004 до 2008 и повторно избран во 2017 година, а беше именуван и за меѓународен секретар на партијата.

Николоски стана член и на Парламентарното Собрание на Советот на Европа, а потоа беше избран и за прв потпретседател на мониторинг комитетот при Советот на Европа.

Честитки за младите!