Македонија 22. август 2020. / 18:00

Се намалуваат активните случаи од коронавирус во Кичево

Се намалуваат активните случаи од коронавирус во Кичево

Во Кичево денеска има три нови лица заразени со Ковид-19 и 13 оздравени покажуваат податоците од Министерството за здраство

Со ова вкупниот број на заразени со Ковид-19 во оваа општина достигна 257 лице, од кои 103 се активни, 144 се излекувани и десет лица се починати, Со денешните податоци продолжува трендот на намалување на активни случаи во Кичево .

-Денеска кај нас имаме тројца новозаболени од коронавирусот кои се лекуваат во домашни услови и се под надзор на нивните матични лекари , се разбира дека тие се во изолација. За среќа пак имаме дури 13 оздравени лица, информира д- р Џабир Бајрами, член на Општинскиот кризен штаб во Кичево .

Тој упатува апел до сите граѓаните да се држат до препораките дадени од надлежните здравствени институции.