Македонија 07. мај 2020. / 10:40

Се намалува бројот на заразени во Македонија, утре ќе се разговара за полицискиот час

Се намалува бројот на заразени во Македонија, утре ќе се разговара за полицискиот час

Министерот за здравство Венко Филипче, во утринската емисија на „Канал 5“ „Здраво Македонија“ рече дека се намалува бројот на заразени во земјава, но препорачува граѓаните да ги почитуваат мерките .

Министерот најави и тестирање на асимптоматските носители на вирусот, како што се вработени во градинките, во јавниот превоз, здравствени работници и други.

Филипче информираше дека утре ќе се разговара дали ќе има продолжување на полицискиот час и дали се создадени улови за одржување на изборите.