Македонија 30. јануари 2019. / 17:16

Се дезинфицирале: Здравство презеле се што треба против заразната бактерија на Стоматологија

Се дезинфицирале: Здравство презеле се што треба против заразната бактерија на Стоматологија

Од Министерството за здравство смируваат дека нема опасност од зараза со МРСА откако кај еден од вработените во Стоматолошкиот клинички центар е најдена оваа бактерија.

-Во установата се преземени сите мерки за дезинфекција и изолирање на бактеријата. Вработениот кај кој е потврдено присуство на бактеријата е изолиран и не доаѓа на работа. – велат од Министерството.

Од таму нагласуваат дека нема опасност од зараза и Стоматолошкиот клинички центар непречено и континуирано обезбедува здравствени услуги за пациентите.

Претходно, од Клиниката соопштија дека превентивно е извршена комплетна дезинфекција на просториите на катот каде што вработениот работел, а во тек е дезинфекција и на сите простории на Клиниката, како и дека се вршат превентивни прегледи и на другите вработени во установата.