Македонија 27. март 2020. / 16:07

Се чекаат резултати од тестовите за корона на 18 вработени во Заводот за рехабилитација во Капиштец

Се чекаат резултати од тестовите за корона на 18 вработени во Заводот за рехабилитација во Капиштец

Се уште траат анализите за корона вирус на примероците земени од 18 вработени во Заводот за рехабилитација, откако вчера беше потврдено присуството на вирусот Ковид-19 кај еден тетовец кој бил во Заводот во периодот од деветти до 23 март.

По стигнувањето на сите резултати ќе се направи план за работа за оваа институција.

Како што соопшти министерот за здравство, Венко Филипче, постои голема веројатност од понеделник во Заводот да работи само амбулантскиот дел.

Во последните деноноќие во Македонија се забележани 18 нови позитивни на корона вирус, со вкупната бројка на заразени се искачи на 219.

Од нив, на Клиниката за Инфективни болести се хоспитализирани 41 пациент, 7 се во потешка состојба, но не се репораторно зависни не им е потребна помош од механичка вентилација, 27 се со средно тешки и 7 со послаби симптоми.