Македонија 30. септември 2020. / 17:05

Се чека реакција на министерствата за здравство на Србија и на Бугарија за одлука за границите

Се чека реакција на министерствата за здравство на Србија и на Бугарија за одлука за границите

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека во текот на вчерашниот ден министрите за здравство на Албанија, Црна Гора и на Косово дале согласност дека може да се отворат границите.

– Ја чекаме реакцијата на министерствата за здравство на Србија и на Бугарија по што ќе донесеме одлука верувам на следниот состанок на Комисијата и на Штабот, додаде Филипче.