Македонија 22. април 2020. / 16:18

Се бара свикување на Собранието: Пратеничките потписи се собрани

Се бара свикување на Собранието: Пратеничките потписи се собрани

Пратеници од повеќе партии се потпишаа на иницијативата за повторно свикување на Собранието. На списокот има и пратеници од опозициските ДПА, Алијанса за Албанците и БЕСА. Потписите утре ќе бидат доставени до собранискиот претседател кој треба да одлучи дали привремено ќе ги врати во пратеничките клупи веќе распуштените пратеници.

Иницијативата содржи две точки на дневен ред. Првата е за свикување на седница за потврдување на одлуката на претседателот Стево Пендаровски за продолжување на вонредната состојба, а втората е за ставање на Собранието во функција по потреба.

Се повикуваат на член 63 став 4 од Уставот, каде стои дека, „мандатот на пратениците во Собранието може да се продолжи само во случај на воена или вонредна состојба“.Предлагаат седницата да биде согласно препораките на здравствените власти за држење на дистанца, односно електронски или во сали каде што може да се обезбеди растојание од два метри меѓу пратениците.