Македонија 01. декември 2020. / 14:51

Се бара прогласување на кризна состојба во наредните шест месеци

Се бара прогласување на кризна состојба во наредните шест месеци

Управувачкиот комитет на денешната средба донел одлука да побара прогласување на кризна состојба во наредните шест месеци, дознава Телма.

Предлогот е упатен до владата која за денеска има закажано седница, а доколку биде усвоен предлогот ќе биде испратен на разгледување во собранието, кое треба да ја донесе одлуката за прогласување кризна состојба.

Од управувачкиот комитет за Телма велат дека одлуката ја донеле заради поефикасно справување со пандемијата и целосна заштита на здравјето на граѓаните.

Извор: Телма