СДСМ не штеди средства за да собере политички поени, напаѓајќи ги луѓето што присуствуваа на повеќе од 1000 години старата литија во Струга, но од друга страна не гледа проблем изборите кои исто така се масовен собир да се одржат во јуни.
Интересно е дека осудата за литијата најпрвин беше објавена од страна на партиските војници на партијата, како директорот на скопската зоолошка, а потоа истата оркестрирано ја објавија сите провладини медиуми.
Во сите објави се користеше фотографија со перспектива каде што се гледа гужва, но доколку се погледнат сликите фотографирани со дрон, се гледа дека генерално се почитува растојанието за време на прошетката низ градот.
Но, очигледно дека СДСМ за политички поени е спремен како многупати до сега да тргне против својот народ.
Граѓаните во Струга исто така не шетаат за време на полициски час, а МПЦ нема контрола кој ќе тргне по поворката. Од таму и претходно најавија дека Литијата ќе се одржува без верници.