Македонија 07. ноември 2020. / 12:41

СДСМ: Од следната година зголемување на платите на здравствените работници

СДСМ: Од следната година зголемување на платите на здравствените работници

СДСМ во соопштение до медиумите најавува ново зголемување на палтите на здравствените работници.

Од партијата велат дека за три години зголемиена е основната плата на лекарите специјалисти за 40%, на општите лекари за 25%, на медицинските сестри помеѓу 20% и 23% на сестрите што работат на клиниките, за 5% на здравствени соработници и на помошно-техничкиот персонал.

-Покачувањата на платите во здравството продолжуваат. Веќе во следната година следува покачување на платите за 10 отсто. Нашата намера е платите во јавното здравство до 2024 да бидат за 40 отсто повисоки од денес, преку зголемување од 10 отсто секоја година, стои во соопштението.

Додаваат дека истовремено со покачување на платите во здравството за 4 до 5 пати се зголемени коефициентите за дежурства на здравствените работници, а за 15% е зголемен капитациониот бод на матичните лекари од општа пракса, гинекологија и стоматологија.

Информираат и дека за периодот 2019-2022 година се одобрени 931 спрецијализација и 130 субспецијализации, кои се финансираат со средства обезбедени од јавните здравствени установи.