Во СДСМ се задовоплни од резултатот од предвремените парламентарни избори и од владеачката партија за „Телма“ денеска информираат дека нема да поднесат каков било приговор за изборни нерегуларности до Државната изборна комисија.
Од таму за телевизијата велат дека имале забелешки единствено за исходот во Изборната единица 3, но решиле да се откажат од евентуален приговор откако едно пратеничко место добила „Левица“ наместо ВМРО-ДПМНЕ.
За сега единствено е познато дека ВМРО-ДПМНЕ поднесува два сета на приговори за изборните резултати и бара рачно да се пребројат повторно гласовите.
Алијанса за Албанците смета дека се оштетени за 20.000 гласа и исто така најавија жалби до ДИК. Од таму информираат дека веќе за овие проблеми зборувале со странски амбасадори во земјата.
Левица поднесува 425 приговори, но од ДИк ивјавија дека се уште тие не се пристигнати.
Од партиите кои не влегоа во Собранието најавуваат од еден до два приговори.