Македонија 14. мај 2020. / 15:08

СДСМ: Нема да организираме митинзи, кампањата ќе се води онлајн

СДСМ: Нема да организираме митинзи, кампањата ќе се води онлајн

СДСМ испрати соопштение во вели дека не треба да има митинзи за време на кампањата и партијата најавува дека собири од таков тип нема да организира.

– Во делот на водење кампања и претставување на кандидатите и програмата, најголем фокус ќе се стави на медиумското претставување, онлајн видео настани и друг тип на дигитална комуникација, велат од СДСМ.

Единствено велат, може да се разгледа можноста за организирање мали средби под строго утврдени услови, исклучиво според протоколите донесени од здравствените институции за заштита на граѓаните.

Министерот за здравство, Венко Филипче обзнанувајќи го протоколот издаден од Комисијата за заразни болести рече дека во предизборната кампања, одржувањата на сите активности треба да се одвиваат со физичка дистанца, задолжително носење на заштитна маска и често миење на рацете. Ако се организираат митинзи, луѓето мора да стојат на растојание два метри еден од друг.