Конечниот Договорот со Република Грција за чија што Ратификација денеска со големо мнозинство се изјаснивме ЗА е патриотски чин, изјави Костадин Костадинов од СДСМ. Тој вели дека Договорот го обезбедува и зајакнува македонскиот идентитет, носи интеграции во ЕУ и НАТО.
„Македонски народ, македонско оро, Македонец, Македонка…се зачувани засекогаш. Нема да дозволиме Македонија да се врати назад, во минатото исполнето со криминал и неизвесност“ додаде Констадинов.
„Претседателот не е над Уставот и законите, и поготово не смее да се става на законодавниот дом. Непотпишувањето на оваа ратификација е ривично дело, за кое се сносат правни санкции.“ коментираше Констадинов во врска со одлуката на претседателот за непотпишување на овој закон.