Претседателот на Европскиот Парламент, Давид Сасоли денеска се обрати на македонската јавност од Собранието и недобивањето датум за преговори го нарече историска грешка.
– Голема чест за мене е што сум тука. За време на мојата прва посета на земја надвор од ЕУ јас сум тука да ви кажам дека вашата горчина ја споделуваме, бидејќи сме убедени дека имаме заедничка иднина. Таа иднина е ЕУ. Ние имаме некои тешкотии што треба да ги надминеме, но треба да ги гледаме со малку оптимизам, кој ќе ни овозможни да ја завршиме оваа фаза, рече тој.
Додава дека блокадата е само еден мал застој и околу Северна Македонија постои големо внимание.
– Овој процес на преговорите треба да започне, нагласи тој.
Инаку, Сасоли вчера имаше средба со претседателот на Владата, Зоран Заев, и со претседателот Стево Пендаровски.