Македонија 08. јануари 2020. / 12:26

Сашо Тасевски до Талески: Иран има ракети со дострел таман до Скопје

Сашо Тасевски до Талески: Иран има ракети со дострел таман до Скопје

Актерот Сашо Тасевски на Фејсбук ги искоментира заканите на кандидатот за амбасадор во  Дане Талески кон Иран. Тој го потсетува Талески дека Иран поседува ракети со дострел до Скопје и се шегува дека една таква може трајно да го реши проблемот со паркирање во Центарот на градот.

Дане амбасадорО, конзулО, шо и да е, им се закани на Иран: Нападот на нашиот сојузник САД е напад на сите нас како НАТОвци.И така сабајлево ајатолахот му рекол на претседателот на Иран: Брате, ај Америве што ќе нападнат не ми е толку фуфка, ама она Севернине Македонци ме плашат. Бестрашен народ. Не им гледаш лице ко се борат, пошто се така назадгазум напаѓаат.

Море Дане, не знам дали знаеш, Иран има ракети со дострел таман до Скопје. Америте не успеаја да ги пресретнат. Им паднаа у тавчињата со грав во авиобазите. Како бе Дане ние ќе ги пресретнеме? Со што бе Дане? Ќе ги испрскаме со пестициди против комарци, да зарѓаат во лет? Со што ќе ги пречекаме бе Дане? Традиционално со слатко од смокви?
Дане една таква интерконтинентална ракета да рсне во Центар, трајно ќе го реши проблемот со паркирањето. Порамен од Овче Поле ќе стане.


Како бе Дане, ние на Иран да му се курчиме? Не иде бе брат. Ем сите веќе не знаат како големи цицачи, не морски како китот, ниту како останатите сувоземни, туку онакви… Ем немаме со што. Не можеш Моника Белучи да ја торпедираш со чкорче. Ние во Нато???? Нам појше ни личи на врапчиња ЈАТО.: