Македонија 07. мај 2019. / 13:53

Самохрана мајка исфрлена на улица му ја раскажа тажната животна приказна на папата

Самохрана мајка исфрлена на улица му ја раскажа тажната животна приказна на папата

Папата Франциско во дворот на Меморијалниот центар „Мајка Тереза“ се сретна и благослови граѓани кои припаѓаат на социјални ранливите категории.

Една самохрана мајка, Марија, му ја раскажа својата тажна приказна и истакна дека кога се нашла во тешка животна ситуација заедно со нејзината ќерка била прифатена од Чесните сестри, иако е од православна вероисповед и упати благодарност до Чесните сестри и Светиот отец, додавајќи: Чесните сестри никогаш не настојуваа тоа да се смени или јас да ја променам верата. Тие се грижеа за нас, ни дадоа покрив над главата, разбирање и се што требаше.

Марија пред Папата говореше со тригодишната ќерка Ема, која љубопитно гледаше во Папата.

-Таткото на мојата ќерка не избрка од заедничкиот дом само што се роди Ема. Јас не сакав да го абортирам бебето кое го носев во себе. Се најдов во тешка ситуација, на улица, сама, и тогаш кога мислев дека нема спас за нас, ме прифатија Чесните сестри, рече Марија.