Македонија 15. мај 2018. / 11:08

Само во македонски суд! Кацарска прифаќа и копии како доказ без да изврши увид во оргиналот

Само во македонски суд! Кацарска прифаќа и копии како доказ без да изврши увид во оргиналот

Правните преседани во судството се множат, како што се раснат политичките притисоци за финиширање на предметите на СЈО по секоја цена.

На вчерашното рочиште за набавка на блиндираното возило Мерцедес, судот прифати дополнителни докази на сјо, но и на одбраната.

Притоа еден дел од доказите беа прифатени во копија наместо во оргинал, сопосебно образложение од судијката Добрила Кацарска која нагласи и објасни дека ги прифаќа копиите како доказ само затоа што одбраната која ги предлага овие докази и дала да изврши увид на оргиналот и да направи споредба со копијата. Откако увидела дека копијата одговара на оргиналот таа ја прифати како доказ.

На ова реагираше поранешниот премиер Никола Груевски кој го поздрави ставот на судијата, изразувајќи надеж дека тој став ќе го има и за сите други докази приложени како копија. Тој потенцираше дека ЦД-ата со аудио-телефонски разговори се копија, а никој од присутните во салата, вклучувајки го и судот и обвинителството нема извршено увид во оргиналот. На ова никој во салата, ниту судот ниту обвинителството немаше одговор, од причина што тоа е точно и не може да се порекне.

Претходно одбраната приложи техничко мислење на технички советник од компанијата Друштво за вештачење ФОРЕНЗИК ЕКСПЕРТС потпишано од управител Д-Р Костадин Дуковски, а подготвено од вештото лице д-р Мирослав Котевски со лиценца бр.08-951/2 од 09.05.2018та во кое се нагласува:

,,Тонските записи од водените разговори во моментот на нивната реализација се запишуваат и складираат на систем кој е наменет за легално следење на комуникациите инсталиран во МВР на РМ. Записите се снимени и складирани преку соодветни интерфејси за таа намена кои ги поврзуваат системите на телекомуникациските оператори во РМ и примарниот систем за таа намена во МВР.
Тонските записи презентирани на главната расправа одржана на 10.04.2018 година во врска со предметот под број КОК бр.59/17 презентирани се од медиум кој не е дел од наведениот примарен систем за легално следење на комуникациите инсталиран во МВР. Имено овие записи се преземени од примарниот систем и преставуваат копии на оргиналните записи.

Автентичноста на презентираните тонски записи на главната расправа е дискутабилна со самиот факт дека се презентирани копии од оргиналните записи. Преземањето или нивниот трансфер од примарниот систем на друг електронски медиум отвора можност за нивна нечистотија, можност за измена, дополна и/или нецеловитост на тонските записи.,,

Судот и обвинителството не побараа вештачење на тонските записи за да се утврди нивната автентичност, веродостојност и целовитост. Причината за ова е што вештачење треба да се направи на оргиналот а не на копијата, а оргиналот не постои.
Па така, во услови кога непостои оргинален запис(оргинална снимка), СЈО и СДСМ со политички притисок врз судот се обидуваат судот да ги прифати копиите без убид во оргиналот, што е спротивно на законите во Македонија и секаде во светот.

Во изјава за медиумите Груевски потенцира дека живееме во време, во ера во која на целата планета, и во Македонија копијата не е доказ.

Судијката Добрила Кацарска, видно нервозна ги отфрли сите овие поднесоци на одбраната.

Неодамна медиумите објавија вест дека судијката Добрила Кацарска со цел да добие унапредување и да стане судија и претседател на Апелацискиот суд со политичка подршка на СДСМ, се спогодила со Зоран Заев, него да го прогласи за невин во случајот поткуп, а Никола Груевски да го прогласи за виновен во случајот Тенк, и покрај немањето ниту дело ниту доказ против него.

Овие медиумски гласини добија поткрепа откако минатата недела премиерот Зоран Заев даде јавна изјава во која меѓу редови најави дека пресудата на судот за Никола Груевски ќе биде дека е виновен, и дека со тоа ќе дошла правдата и ќе се докажело дека нема договор меѓу него и Груевски. Груевски изјавата ја нарече скандалозна, затоа што Премиер пред судот да го направи тоа, објсвува каква ќе биде одлуката на судот, што води кон тоа, дека еројатно навистина се точни медиумските натписи за спогодбата меѓу Кацарска и Заев.