Пратеникот Самка Ибраимоски, на денешната собраниска расправа ѝ реплицираше на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Лилјана Затуровска посочувајќи дека не може да се поправи за една година, она што е направено изминатите 11 години.
-Нека клекне колешката Затуровска 11 минути да видам дали ќе може одма да стане. Не може по 11 години се за една година да се направи. Кога барав да се укине радиодифузна такса молчевте. Затворија невини луѓе за „Монструм“ молчевте, потрошија 600 милиони евра за споменици, вие пак молчевте. Го уништуваат државното здравство за да го финансираат приватното на Орце Камчев, вие молчевте. И кога некој се труди тоа да го врати во нормала вие го нарекувате предавник. Не можеме да ја спречиме корупцијата, таа е од ваша страна направена. Сеа почнаа пресудите. После 11 години нема да можете да ја препознаете Македонија – рече Ибраимовски.