Македонија 15. октомври 2018. / 13:07

Самка на грчки им се заблагодари на Грците во нашето Собрание

Самка на грчки им се заблагодари на Грците во нашето Собрание

Самка Ибраимоски денеска од говорница на седницата за уставни измени истакна дека кога проблемот не бил решен со години, морало некој да го реши проблемот за да бидеме членка на ЕУ и НАТО, пренесе Пресс24.

– Васкопулос вели подобар договор не можел да се направи, ова е идеален одговор, вели тој од говорница.

Вели ова ќе биде резултат на пратеничкиот состав и дека ако се донесе одлука ќе влеза во новата историја на Македонија со правична одлука.

– Ве молам Димовски во името на граѓаните и мојата најсиромашна заедница да ја донесеме важната одлука, вели тој.

Рече “Благодарам” на Грција на грчки.