Македонија 23. ноември 2018. / 14:23

Самка Ибраимоски обвини дека на конкурсите наместо Роми се вработувале лица од други етнички заедници

Самка Ибраимоски обвини дека на конкурсите наместо Роми се вработувале лица од други етнички заедници

Пратеникот, Самка Ибраимоски од ПЦЕР обвинува дека не се почитуваат конкурсите во државните институции за вработување на Ромите и на местата предвидени за Роми се вработуваат припадници на други етнички заедници.

– Првиот конкурс е објавен од Јавното претпријатие за државни патишта, за советник за контрола на сообраќајот и одржување компјутерска опрема- предвиден за Ром, но примен беше Македонец. Конкурсот беше објавен втор пат само за да се елиминира единствениот Ром кандидат кој ги задоволува сите потребни услови. Втор ваков случај имаше во Министерството за земјоделие. – рече Ибраимоски.

Трет најеклататнтен пример на непочитување на конкурсите, според Ибраимоски, имало во Заводот за статистика каде спротивно на законите, конкурсната комисија во еден случај примила кандидат кој ги заокружил сите етнички заедници само за да добие работно место.

Тој додаде дека ќе бараат поништување и објавување на нови конкурси.