Македонија 12. јануари 2019. / 19:26

Самка демантира: Не сум се помирил со Амди

Самка демантира: Не сум се помирил со Амди

Самка Ибраимовски демантира дека се помирил со Амди Бајрам.

-Сликањето не значи и помирување ве молам да ја демантирате таа слика, јас седев со сите пратеници и во моментот дојде Амди Бајрам и не слика некој од пратениците затоа ве молам дека сликата не значи и помирување, затоа барам да се демантира, ние сме само колеги пратеници, односот мој и мислењето кон неговата партија останува иста јас не сум во коалиција со Сојузот на Роми, партијата Пцер е во коалиција со СДСМ, и така останува.

Пцер е сериозна партија со сопствена визија за интегритетот на Ромите во државата и унапредување на заедницата како и сите други заедници– стои во неговата реакција.