Македонија 21. јуни 2018. / 16:51

Самит на ЕУ, Брисел 28/29 Јуни 2018: Македонија можеби би почнала преговори, но ЕУ може и да се премисли

Самит на ЕУ, Брисел 28/29 Јуни 2018: Македонија можеби би почнала преговори, но ЕУ може и да се премисли

Според Радио Слободна Европа, Советот на ЕУ усвоил нацрт заклучок, според кој се препорачува отпочнување на преговори за членство со Албанија и Македонија. Но во истиот заклучок, стои и точка според која, за време на самитот во Брисел на 28 и 29 Јуни, можно е и бришење на параграфот кој повикува на отпочнување преговори.

Според РСЕ на црногорски јазик, Македонија и Албанија ќе бидат најтешките теми на овој самит. Медиумите во земјава и во регионот последниот период пишуваа дека постои помала група на земји кои се негативно расположени во однос на проширување и бараат прво да има внатрешни реформи во ЕУ.

Според тоа што го објави РСЕ, во заклучокот од самитот, Советот ќе го поздрави надминувањето на длабоката политичка криза во Македонија и примената на договорот од Прижино. Ќе се поздрави и тоа што новата влада, иако во тежок политички контекст, сепак успеала да ја врати културата на постигнување компромис со тоа што се отворила кон сите релевантни фактори, вклучувајќи ја и опозицијата.

Советот ќе го потсети официјално Скопје и на важноста дека треба да има одговорност за сите криминали произлезени од аферата со прислушувањето, како и дека мора да има одговорност за упадот во Собранието на 27 април 2017 година.