Македонија 20. април 2018. / 19:02

Самит ЕУ-Западен Балкан во Софија: Поврзаноста е главен приоритет

Самит ЕУ-Западен Балкан во Софија: Поврзаноста е главен приоритет

Поврзаноста помеѓу земјите од Западен Балкан ќе биде главната тема на ЕУ-Западен Балкан самитот во Софија, според официјалната агенда на настанот. Главна цел на самитот е да се вметне нова енергија во односите меѓу ЕУ и Западен Балкан, пишува порталот EUWB.

Една од главните цели на Самитот, исто така, ќе биде реафирмирањето на посветеноста на ЕУ кон своите партнери од Западен Балкан и да се потврди припадноста на регионот во Европското семејство. Инфраструктурната, дигиталната и човечката поврзаност исто така се дел од агендата на Самитот. Дополнително, овој настан, ќе овозможи доближување на ЕУ и земјите од Западен Балкан со цел заедно да се соочат со предизвиците, како што се безбедноста, миграцијата, геополитичките случувања и добрососедските односи.

Се верува дека зголемувањето на поврзаноста на регионот е клучен фактор за економскиот раст и вработувањата што ќе донесат бенефиции за сите граѓани.

Се очекува лидерите да стигнат во Софија на 16 мај, каде што ќе имаат заедничка вечера. Пленарната сесија за поврзаноста ќе се одржи наредниот ден.