Македонија 16. јануари 2021. / 15:52

Сајкоски: Наместо развој, Владата испорача корупција и очај во Битола

Сајкоски: Наместо развој, Владата испорача корупција и очај во Битола

Факт е дека Владата не успеа да ги реализира своите ветувања за Битола. Наместо напредок и развој, испорачаа лаги, корупција и очај, констатира Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски во објава на „Фејсбук“.

„Предизборните ветувања ги почнаа токму од изградба на автопат од Битола за Скопје, но за жал не го реализираа.
➡️Во нивниот План за живот ветуваа и темелно реконструирање и опремување на Клинички центар во Битола, и тоа остана само план на хартија.
➡️Заев вети целосна гасификација на Битола до 2020, но процесот тапка во место.
➡️Се обврзуваа планинарскиот дом Копанки да го изградат и обноват, да биде дом кој своите услуги ќе ги нуди по пристапни цени, со што уште еднаш ги излажаа битолчани.
➡️Ветуваа изградба на модерна сообраќајна инфраструктура.
➡️ Економијата и инвестициите беа главен дел на програмата на СДСМ, но во свој стил, ветија и излажаа“, пишува Сајкоски.