Македонија 01. март 2021. / 14:45

Сајкоски: Над 100.000 граѓани за 24 часа, одлучија – НЕ сакаат политички попис

Сајкоски: Над 100.000 граѓани за 24 часа, одлучија – НЕ сакаат политички попис

ВМРО-ДПМНЕ заедно со граѓаните за само 8 дена собра 100.000 потписи за нешто помалку од вкупно 24 часа, информираше генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски.

„И покрај бројните опструкции од власта, само 24 часа во 8 дена 100.000 граѓани го дадоа својот потпис за вистински и европски попис, спротивен на оној кој сака да го организира власта на насилен начин, со политичка цел. Граѓаните одлучија, не сакаат политички попис, сакаат попис како статистичка операција, што точно ќе може да ја насочи Република Македонија во која насока да се развива. Од самиот почеток власта беше исплашена знаејќи дека спроведува попис спротивно од барањата и заложбите на граѓаните и токму затоа и ни ја отфрлија иницијативата за поништување на законот за попис“, рече Сајкоски.

Затоа, додаде тој, ВМРО-ДПМНЕ преку своите 44 пратеници, поддржана од над 100.000 граѓани ќе поднесе пратеничка иницијатива за поништување на законот за попис.

„Граѓаните и Република Македонија заслужуваат европски попис како статистичка операција, колку и тоа да и смета на власта. Оваа власт чиј носител е СДСМ е на самиот крај и оваа поддршка од над 100.000 граѓани за кус период е само почеток на крајот на оваа Влада“, посочи Сајкоски.