Поранешниот новинар, а сега кандидат за пратеник на претстојните избори од коалицијата „Обнова на Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ, Сафет Бишевац, е позитивен на коронавирусот.
За исходот од направениот тест објави самиот на социјалните мрежи. Вели дека, и покрај тоа што максимално ги почитувал препораките за заштита, сепак тестирањето покажало дека е позитивен.
Засега нема никакви симптоми, но со семејството во наредниот период ќе бидат во изолација и под надзор на матичен лекар.