Новинарот на ТВ 24 Сунај Сабриоски со иронична порака откако двајцата синови на советник на министерот за внатрешни работи кои со нож нападнаа полицаец не отидоа во притвор.
Нападнатиот дваесет дена беше во критична состојба.
Двајцата синови на Ѕвонко Цветковски наместо во притвор за нападот со студено оружје добиле само мерка одземање на патна исправа.
Некогаш си посакуваш да си дете на Звонко Цветковски, да можеш така слободно со ножеви да се курчиш по кафани и дискотеки – да буташ ножеви во живи луѓе, и к*р да не те боли пошо знаеш мангуп си покрај тато, знаеш дека правдата нема да те стигне. Трауматизирана држава и институции – наместо притвор пасош им одземале. Наместо обид за убиство – повреда со тешки телесни повреди. Со нож го прободиле – среќа преживеал па не мора нели случајот да се одолговлекува, двајца синови на советник на шефот – турете пепел на јавноста глупа е ќе го преџвака за три дена. Лупен кромид и зелен цеден лимон, пишува Сабриоски.
Цветковски чии синови го извршиле нападот е екс кандидат за градоначалник на една политичка партија а сега е на висока позиција во МВР.