Македонија 13. март 2019. / 15:15

Сабота работен ден за основните училишта

Сабота работен ден за основните училишта

16 и 30 март ќе бидат работни денови за основните училишта. Ќе се одработуваат часови според распоред за понеделник и вторник. Ќе се одработува пропуштената настава од 21 и 22 јануари, кога поради загадениот воздух, учениците имаа продолжен распуст.

Дополнувањето на Календарот за организација и работа на основните училишта е објавено денеска во „Службен весник“.