Македонија 11. декември 2020. / 21:41

Русковска: СЈО го урна Катица Јанева

Русковска: СЈО го урна Катица Јанева

СЈО не го урна никој друг, освен Катица Јанева, вели обвинителката Вилма Русковска во интервју на Канал 5 негирајќи дека случајот „Рекет“ бил креиран за да се урне СЈО и предметот „Империја“.

Ако Катица се однесуваше како што треба, СЈО уште ќе постоеше. Ништо не е наштетено на случајот „Империја“. Предметот е даден на вештачање. Вештите лица сега ги вештачат доказите. Нема изгледи тој случај да застари. Перењето пари не застарува. Катица одговара затоа што земала пари за пуштање од притвор и после земала и други пари. За никого не можете да кажете дека е криминалец , додека нема правосилна пресуда – рече Русковска.

Од предметите што се преземени од Специјалното јавно обвинителство (СЈО), околу 17 се во истрага, а околу 47 во предистрага, рече обвинителката за борба против организиран криминал и корупција.