Македонија 23. февруари 2021. / 19:31

Русковска и Пеливанов го ослободуваат Мијалков од затворски притвор!

Русковска и Пеливанов го ослободуваат Мијалков од затворски притвор!

Обвинителката Вилма Рускоска заедно со обвинителите Ленче Ристоска и Трајче Пеливанов ја повлекле жалбата по одредениот куќен притвор на Сашо Мијалков со која бараа да му се одреди затворски притвор, објави ДоказМ.

Информацијата ја потврдуваат и од Обвинителството. Засега нема објаснување зошто обвинителите се одлучиле за ваков чекор. Повлекувањето на жалбата значи дека Мијалков ќе остане во куќен притвор, oдносно нема да му се изрече затворски притвор.

Вилма Рускоска и Сашо Мијалков веќе еден час се во зградата на Обвинителството откако тој сам се пријави и од исчезнат стана достапен за органите за правдата.