Македонија 30. јануари 2020. / 10:37

Рускоска: Можеби некој доказ сме испуштиле, но на паузата и тоа ќе им биде доставено на обвинетите

Рускоска: Можеби некој доказ сме испуштиле, но на паузата и тоа ќе им биде доставено на обвинетите

Обвинителството на УСБ ги презентира доказите против обвинитетите Катица Јанева и Бојан Јовановски.

Одбраната на двајцата регираше дека ги немаат добиено тие докази, на што Рускоска реагираше дека тоа не е точно.

– Им беа пуштени доказите со доставување на обвинението иако на тоа не сме должни. Денеска ли видоа дека ги немаат. Можеби некој доказ сме испуштиле да скенираме но на паузата и тоа ќе им биде доставено – изјави Рускоска.

Првиот дел од доказите се однесуваат на наредбата за претрес на домовите на Јанева и Јовановски како и за одземениот телефон на девојката на синот на специјалната обвинителка.