Македонија 06. март 2020. / 12:11

Рускоска го праша сведокот дали има доказ дека му давал пари на Боки за телевизијата

Рускоска го праша сведокот дали има доказ дека му давал пари на Боки за телевизијата

На крајот на сведочењето на сведокот Александар Радуловиќ, обвинителката Вилма Рускоска го запраша дали има некаков материјален доказ дека му давал пари на Јовановски за отворање на телевизијата.

Радуловиќ на тоа реагираше дека не разбира што значи материјален доказ па таа мораше дополнително да му објаснува.

Во нивната полемика се замеша адвокатот Дукоски и реагираше дека за тоа постои писмена изјава.