Македонија 10. мај 2018. / 11:16

Рот: Или ќе го решите спорот за името годинава или статус-кво со години

Рот: Или ќе го решите спорот за името годинава или статус-кво со години

Прашањето за името треба да се реши годинава или статус кво ситуацијата ќе продолжи со години, рече државниот министер за европски прашања во МНР на Германија, Михаел Рот, на заедничката прес-конференција во Владата со премиерот Зоран Заев.

„Последните изјави ја потврдуваат волјата прашањето сега да се реши. Двете страни се подготвени за тешки компромиси, а Германија дава целосна поддршка“, додаде Рот.

Државниот министер за европски прашања во германското МНР порача дека не треба да се поставуваат црвени линии, потенцирајќи ја неопходноста од дијалог меѓу власта и опозицијата.