Никола Груевски доби азил во Унгарија, пренесе агенцијата Ројтерс повикувајќи се на унгарски медиуми блиски до власта.
Медиумот, без да ги именува своите извори, открива дека унгарската канцеларија за имиграција и азил утврдила дека се исполнети законските услови за доделување на барање за азил.
Според текст објавен на унгарскиот портал Тајмс:
„Канцеларијата за имиграција дошла до заклучок дека враќањето на Груевски во неговата земја ќе биде предмет на прогон на власта во неговата земја, поради неговото политичко минато и мислење и обвинувањата од новата влада.“
Ексклузивната информација на Унгарски тајмс, ја пренесуваат сите унгарски медиуми, меѓутоа тие потенцираат и оти ваквата информацијата ниту ја потврдуваат ниту ја демантираат од Канцеларијата за имиграција со образложение дека оттаму можат да му дадат таква информација само на засегнатото лице, во случајот Груевски, и на Комесаријатот за бегалци на Обединетите нации.