Македонија 17. март 2020. / 14:50

Родителите на децата од „Козле“ револтирани – Директорот смирува: Деца без температура ќе се лекуваат на Детска клиника

Родителите на децата од „Козле“ револтирани – Директорот смирува: Деца без температура ќе се лекуваат на Детска клиника

Деца со тешки белодробни заболувања од болницата за детски болести Козле се испратени дома по наредба на министерот за здравство Венко Филипче, се жалат родители на деца кои имаат здравствени проблеми, пренесе Република.

По донесувањето на одлуката болницата во Козле целосно да се подготви да прими деца евентуално заболени од коронавирус, дел од децата кои биле сместени во оваа болница се пуштени на домшно лекување, а дел се префрлаат на Детската клиника.

Родителите се револтирани поради тоа што, како што велат, болните деца, се препуштени самите на себе, без лекарска помош.

Тврдат дека дете од 3 години со тахикардија и со белодробна дисфункција е пуштено дома. Но директорот на Болницата Козле смирува. Децата кои што не се во стабилна состојба биле префрлени на Детската клиника.

-Сите дечиња кои се со олесната симптоматологија се пуштени на домашно лекување. Истовремено, сите пациенти кои се на дневна болница, а немаат покачена температура се исто така пуштени на домашно лекување. Доколку имаат потреба од понатамошен третман заради некоја покомплицирана симптоматологија се јавуваат на Детската клиника во Скопје – вели директорот д-р Ангелчо Андоновски во разговор за Република.

Директор на Институтот за белодробни заболувања „Козле“ апелира да се почитува препораката на Владата и сите деца што се со температура да се нозат во Козле. Останатите деца да се носат на Детската Клиника.