Почетокот на учебната година ќе биде онлајн со два исклучоци и тоа за децата од прво до трето одделение и на барање на Општините таму каде има помалку ученици наставата да се одвива со физичко присуство, соопштија министрите за здравство и за образование Венко Филипче и Арбр Адеми.
За децата од прво до трето одделение родителите ќе решат дали децата физички ќе присуствуваат во училиштата или наставата ќе ја следат онлајн.
– Образовниот процес е неспорно од значење но не смееме да го занемариме здравствениот аспект. Нашата препорака е училиштата да почнат со настава онлајн со два исклучоци децата од прво до трето одделение, по барање на родителот децата ќе може да следат настава онлајн, ќе има избор родителите ќе одлучат, и вториот исклучок на барање на Општините, таму кадешто има мал број на ученици да добијат дозвола наставата да ја организираат со физичко присуство Во наставата со физичко присуство не треба да има повеќе од 20 деца, да се оддржува дистанца, да се носат маски, наставникот да биде постојано со децата. Наставниот кадар и училиштата се целосно информирани за протоколите, рече министерот Филипче по седницата на владата.