Македонија 25. април 2018. / 18:31

Родителите кои нема да ги вакцинираат своите деца ќе платат казна од 300 до 650 евра

Родителите кои нема да ги вакцинираат своите деца ќе платат казна од 300 до 650 евра

Глоба од 300 до 650 евра или пријава за на суд. Ова е изборот на семејствата  кои одбиваат да ја почитуваат законската обврска за имунизација на децата. 35 родители годинава и 117 лани биле повикани во Државниот санитарен и здравствен инспекторат поради невакцинирање на своите деца. Засега инспекторите немаат точна бројка колку од нив ја платитле казната а колку завршиле во судница.

-Наше е да ги повикаме и да им кажеме дека ова е законска обрска и доколу платат во рок од 8 дена тогаш има порамнување, ако, не плаќаат поднесуваме пријава за суд. Ние редовно ги контролираме пунктовите за имунизација а за родителите кои одбиваат вакцинирање добиваме и извештаи, вели др. Ирина Бухова, директор на ДСЗИ

Од инспекторатот добиваат известувања од пунктовите за имунизација колку и кои родители одбиваат да го носат детето на вакцина. Велат дека антивакциналните кампањи изминатиот период го намалија опфатот на имунизација и тоа во урбаните средини, за разлика од порано кога повеќе невакцинирани имаше во селата.

-Родителите доаѓаат и им кажуваме која е процедурата. Тие се збунети од тоа што го слушаат, но имаме и случаи кои по разговорот со некој од нашите инспектори, птооа одат и го почнуваат процесот на вакцинирање на детето, вели Бухова

Здравствените власти веќе алармираа дека Македонија е во групата на високо ризични земји од појава на опасни заразни заболувања кои биле искоренети пред 40 години. Во Скопје, Прилеп и Куманово опфатот на имунизација е под 90 проценти а во некои скопски општини вакцинирањето со МРП е под 60 проценти.