Македонија 28. декември 2020. / 19:06

Ристески: Власта само се изживува со вредните раце на тутунарите

Ристески: Власта само се изживува со вредните раце на тутунарите

Денес парламентарното мнозинство предводено од СДСМ не прифати да се разгледува точката за Информацијата за состојбата на тутунот од реколтата 2020-2021 година која што ја поднесе Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, рече пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески.

Денес уште еднаш го видовме лицемерието на СДСМ и нивната лажна грижливост за тутунарите. Денес ја видовме арогантноста на пратениците од СДСМ посебно на оние пратеници кои што доаѓаат од они предели кои се соочуваат со овој голем проблем. Денес пратениците на СДСМ уште еднаш докажаа дека тие не ги бранат интересите на граѓаните туку единствено ги исполнуваат партиските наредби од страна на Зоран Заев. Токму СДСМ и Зоран Заев ветуваа и сеуште ветуваат висока, сигурна и загарантирана цена на откуп на тутунот, но повторно по којзнае кој пат, бесрамно лажат и си поигруваат со тутунарите. Имено, состојбата со откупот на тутунот во моментов е крајно драматична и срамна. Откупот е во хаос, а тутунарите се принудени да го даваат својот тутун за рекордно најниската откупна цена по 2005тата година. Повторувам, откупната цена во моментов буквално е најниската цена за откуп на тутун во последните 15 години. Срамно, жално и безобразно. Очигледно, овој процес е во безизлезна ситуација, во кој власта на СДСМ освен безброј јалови состаноци и притисок врз тутунарите, не превзема апсолутно ништо со што би се стабилизирал откупот. Власта не нуди никакви конкретни решенија, туку само привидно и површно покажува дека нешто работи и сака да помогне. Власта само одолговлекува, уценува и се изживува со вредните раце на тутунарите и денешниот ден со одбивањето да ре расправа за информацијата е најдобар доказ за тоа, истакна Ристески.

Затоа, сакам уште еднаш како пратеник од Прилеп и прилепско да ги информирам тутунарите дека денес, претниците од СДСМ одбија да се разговара за катастрофалната состојба со тутунот, а со тоа им свртеа грб на граѓаните кои што ги бирале да бидат нивни претставници и решија да бидат послушници на Зоран Заев, додаде тој.