Екс амбасадорот на Америка во земјава, Филип Рикер, пристигна во Македонија и утре ќе има средба со премиерот Зоран Заев.
Се работи за прва посета на Рикер по најавата дека ќе биде именуван на позицијата помошник државен секретар за Европа и Евроазија, од која на почетокот на годината се повлече Вес Мичел.
Рикер попладнево на својот Фејсбук профил објави неколку фотографии од античкиот град Стоби и напиша: „Дома сум!”
Рикер ќе учествува на конференција, во организација на Маршаловиот фонд, а во рамки на престојот, според информациите, предвидена е и негова средба со премиерот Зоран Заев и со други членови на Владата.
Додека да биде именуван на новата функција, Рикер е се уште претставник на европската команда на САД во Штутгарт. Тој беше амбасадор на САД во периодот од 2008-2011 година.